Мишел Фајфер е жена што постигнува успех без никаков компромис

23 јануари 2014

Зарем има некој што не го запаметил овој лик од филмовите? Мишел Фајфер е актерката што ја симболизира женската убавина, а досега немала филмска улога од која останала незабележана. Родена е во Калифорнија во 1958 година, но има скандинавско потекло. Во средно училиште била многу несигурна за својот изглед, поради тоа што децата ја исмејувале за големата уста и неправилното одење. Но, како и во приказните, грдото пајче секогаш станува лебед, па така и Мишел се претвора во една од најубавите жени во светот, а ја има добиено и титулата за Мис на Калифорнија, што всушност претставува отскочна даска за холивудска кариера.

 

Актерското портфолио на Мишел е огромно и вклучува 9 номинации на Оскар, сребрена мечка на филмскиот фестивал во Берлин и еден освоен златен глобус. Мишел никогаш не е меѓу ѕвездите што го привлекуваат вниманието на јавноста со скандали и вешто ја чува својата приватност.

 

Ретко може да се најдат фотографии од нејзините улични изгледи, а од оние малкуте може да се види дека таа ги обожава фармерките и обичните маички. Кога се појавува на црвениот килим таа е неповторливата модна икона, речиси секогаш носи класични црни фустани во елегантен крој со должина под колена и откриени рамена, но не ги исклучува и комбинациите со панталони од висок струк, што ја истакнуваат нејзината витка линија и високите нозе.

 

Нејзини омилени дизајнери се Џорџо Армани, Александар Меквин и Ланвин. Мишел Фајфер докажа дека може да се постигне успех без компромиси и покрај убавината, да биде призната како големо актерско име чиј стил е беспрекорено декориран со уникатна елегантна индивидуалност.

 

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Модна икона