Во август минатата година, светот се збогуваше со Ана Пјаџи. Таа ја обожуваше модата, а од својата облека создаде вистински музеј. Тоа воедно беше и совршен приказ на модниот дизајн на 20.век. Нејзиниот креативен стил на пишување беше еден од главните содржини во италијанското издание на Вог, во кое во 1960-тите години во минатиот век на својата црвена машина за пишување Olivetti живописно пишуваше за модата, уметноста и културата.
Во 1980-тите пишуваше за магазинот Vanity. Исто така, беше познато и често гледано лице на модните недели и останатите модни случувања. Позната по својите смели и диви комбинации и светлата руса коса, таа е една од највпечатливите лица во модната индустрија.
Нејзината книга „Фешн Алгебра“ и понатаму важи за Библија за модните ученица. Пјаџи е позната по тоа што никогаш не облекла двапати исто, но тоа и не беше можно имајќи ги предвид нејзините комбинации. Нејзиниот карневалски изглед всушност порачува колку модата може да не измени. Комбинацијата на надреализам, разиграност, панк и барок, стопени во изразот на Ана Пјаџи, и после нејзината смрт останаа голема инспирација.
Беше муза на британската модистка Стефен Џонс, и обожавателка на британската дизајнерка Вивиан Вествуд. Живееше во Њујорк, но периодично го посетуваше Лондон и Италија.
Пјаџи беше во брак со фотографот Алф Касталди. Нејзиниот ексцентричен стил и изразениот колорит ги обои сите нејзини парчиња, поточно 2865 фустани, 265 чифта чевли кои во 2006 година беа изложени во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон.
Таа не познаваше граници кога е модата и креативноста во прашање, а во продолжение погледнете зошто таа беше толку посебна.