Модното наследство на иконата Лејди Ди

2 јули 2014

princess-diana

Кралевите често се осудени на тоа дека еден ден ќе бидат заборавени, а тоа важи и за останатите членови на кралските семејства. Сепак, принцезата Дајана имаше поинаква среќа и нејзиното име се уште се спомнува, споменот на неа се уште живее. Таа успеа да влезе во историјата и да ги освои срцата на Британците, но и останатите ширум светот. Да одбереше некој друг пат нејзиниот возач на 31.август 1997 година, народната принцеза, како што тогаш ја нарече англискиот премиер Тони Блер,  вчера ќе наполнеше 53 години.

Таа беше постојано во центарот на вниманието, што поради хуманитарната работа, што поради љубовниот триаголник со Чарлс и Камила, а што поради она што го носеше.

За венчавката со Чарлс, Дајана доби прстен вреден 30 илјади фунти, истот што Вилијам и подари на Кејт, но денес таа вредност е дуплирана. Она што беше необично за кралското семејство е што прстенот не беше уникатен, туку беше дел од понудата на златарата Garrard, а составен е од голем сафир опкружен со 14 дијаманти.

Дајана и Чарлс се венчаа на 29.јули 1981 година во Катедралата св.Павле во Лондон. Свадбената церемнија ја гледаа преку 750 милиони луѓе, а пренос имаше на 74 телевизиски станици ширум светот. На церемонијата присуствуваа 2.650 гости, а Дајана беше облечена во венчаница од 9.000 фунти, чиј „опаш“ беше долг дури осум метри.

Стилот што го негуваше Дајана изврши големо влијание врз многу генерации. Принцезата се трансформираше пред нацијата од срамежлива девојка во обожувана принцеза и модна икона која носеше парчиња од Версаче, Шанел и Кетрин Вокер. Во секоја пригода, независно дали се работи за црвен килим или за „деловен“ изглед, или пак во моментите кога Дајана сакаше да биде само „обична“ девојка, нејзиниот стил беше инспирација за бројни копирања.

Така, таа зад себе остави и големо модно наследство. Сите го паметиме црниот мини фустан со бисери што го носеше во 1994 година,  креација на Кристина Стамболиан, потоа сината плишана комбинација што на носеше кога танцуваше со Џон Траволта... Еден од запаметените е и црниот кадифен фустан креација на Кетрин Вокер, кој го носеше на снимањето во Кенсигнтон Палатата, за кое беше задолжен Марио Тестино.... Листата е долга, но во продолжение погледнете ја галеријата и дел од највпечатливите и интересни модни избори на вечната принцеза...

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Модна икона