Балски фустан на принцезата Дајана продаден за 102 илјади фунти

5 декември 2013

Раскошениот  бело-златен балски фустан кој го носеше принцезата Дајана, на аукција во Лондон достигна цена од 102 илјади фунти. Аукциската куќа „Кери Тејлор“ соопштува дека фустанот со откриена рамена, златни шљокици, штрас и бисери, е од омилениот дизајнер на принцезата, Дејвид Емануел. Цената за која е продаден ја надминала првичната проценка, додека купувачот е неименуван музеј од странство.

 

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Актуел