Вратоврската на принцезата Дајана на аукција

12 јуни 2013

princessditie_2588287a

Свилената вратоврска  „Ескада“ која ја носеше Дијана, Принцезата од Велс, ќе биде ставена на аукција со почетна цена од 3 илјади фунти на 18-ти јуни . Аукционерот Риман Динси ја продава оваа вратоврска како  дел од Кралските аукции. Украсена со слончиња, Принцезата вратоврската  ја носела во комбинација со исти такви везени украси на ракавите од сакото на брендот  „Ескада“, како и на ременот. Со оваа комбинација Дијана била облечена при посета на новородениот внук, Луис, во болница во Лондон 1994 година. Во месец февруари 1995 година, таа ја подарува на ќерките на нејзин пријател за да ја носи нивниот татко кога ќе оди на интервју за работа. Подарокот бил завиткан во златна хартија на која имало посвета, „Со многу љубов од Дајана“.

45_2588326a

Токму поради тоа што вратоврската оди заедно со хартијата и посветата, се очекува на аукцијата да достигне повисока цена и од 5 илјади фунти, а дури и повеќе не  би било изненадување. Во месец март годинава, познатиот фустан од Виктор Еделстеин, кој Дијана го носеше на вечера во Белата куќа и  танцуваше со Џон Траволта, беше продаден за цена од 240 илјади фунти, кој ги понуди анонимен купувач што сака да ја изненади својата жена.

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Актуел