Мајката на ова преслатко момченце пронашла вистински начин да ја изрази својата креативност и неверојатно чувство за стил преку стилските комбинации на нејзиното синче што ги објавува на Инстаграм.
Таа направила профил на социјалната мрежа на кој секојдневно ги објавува стајлинзите што му ги прави на нејзиниот пресладок модел.
Хоакин Венегас има само две години, а веќе е мал трендсетер, пишува Journal.hr. Благодарение на неговата мајка Моника Васкез која инаку е графичка дизајнерка, сите комбинации му се беспрекорно испланирани, а на дел од фотографиите му се приклучува и неговата мајка која често носи исти парчиња.
На нејзиниот блог Моника пишува како и било тешко да пронајде парчиња што би го изразиле карактерот на Хоакин, па затоа одлучила да отвори продавница со сите брендови во кои успеала да најде совршена облека за нејзиниот син.
Сите кул детски брендови пронајдоа место во комбинациите на Хоакин, а истите парчиња и многу други можете да најдете во бутикот на неговата мајка.
Комбинациите на Хоакин и неговата мајка можете да ги следите постојано на @the_milk_house.