АКТЕРКА

Сејди Синк е новата модна икона која го заслужува сето наше внимание

17 август 2022

Веќе четврта сезона по ред како хит серијата „Stranger Things" на Нетфликс константно го гради својот успех, потврдувајќи го својот квалитет од повеќе аспекти, вклучувајќи одлично сценарио и режија, феноменална продукција и специјални ефекти, и секако, неверојатен млад актерски талент.

Актерската екипа со која за прв пат се запознавме во 2016 година, веќе со години расте и созрева пред нашите очи, а најмладите членови, од сезона во сезона сè повеќе го потврдуваат својот актерски капацитет. Па така, неизбежно е овие млади таленти да ги гледаме на црвените килими сè почесто, привлекувајќи го вниманието не само на фановите на серијата, туку и на генералната публика, филмските критичари, но и модните исто така.

Главната хероина на серијата, Мили Боби Браун која ја игра Елевен - девојчето со супермоќи, очекувано се наоѓа во фокусот на вниманието на јавноста веќе со години. Сепак, се чини дека четвртата (засега последна) сезона на серијата, на површина истурка уште една ѕвезда која периодов непрестано ги освојува срцата на старите и новите љубители на „Stranger Things".

Фото: fashionmagazine.com | ROYAL GILBERT

Младата актерка Сејди Синк (20) родена во Тексас, САД, која за прв пат се појави во втората сезона на серијата во улога на Макс Мејфилд, континуирано нè уверува во својот талент, а нејзината импресивна, длабоко реалистична глума во последната сезона ја воодушеви публиката на сосема ново ниво.

Покрај тоа, од неодамна Сејди го пренасочува вниманието на јавноста кон себе и со својата појава, презентирајќи елегантен стил и чувство за мода кои не само што ја одвојуваат од останатите членови на актерската екипа, туку и од многу други млади ѕвезди од нејзината генерација.

Фото: fashionmagazine.com | ROYAL GILBERT

Фото: fashionmagazine.com | ROYAL GILBERT

Но, иако станува збор за млада професионална актерка која се наоѓа во активен процес на градење на својата кариера и која неизбежно се соочува со притисокот да изгледа совршено пред камерите, Сејди е сепак само 20 годишна девојка која се бори со поставување баланс и граница помеѓу нејзините јавни и приватни личност и стил.

Фото: fashionmagazine.com | ROYAL GILBERT

За среќа, се чини дека Сејди сè уште знае да одреди кога е време да ужива во гламурот на црвениот тепих, а кога во удобните фармерки и блузони, честопати откривајќи во интервјуа за медиумите дека сака да експериментира со стилот и дека не знае како тој може да изгледа за неколку години од сега.

Но, засега, ова се само дел од најдобрите изгледи со кои црвенокосата Сејди Синк докажува дека е новата модна икона која го заслужува нашето целосно внимание.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by molly dickson (@mollyddickson)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sadie Sink (@sadiesink_)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by molly dickson (@mollyddickson)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk)

Фото: Pinterest и Getty

Објавено:
17 август 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
561 пати