По тешката година, Селин Дион се врати на сцената во Вегас, но помина и цел месец во Париз каде снимаше нов музички материјал, но најде и време да ги посети речиси сите модни шоуа на кои досега ретко ја гледавме.

Со неа таа го зема стилистот Ло Роах, кој се чини дека е најдоброто нешто што и се случило во последните години.

Токму тој, ѝ го донесе епитетот модна икона за ова лето, а таа го оправдува истиот секој изминат ден. Тој не само што за неа ги одбра најдобрите парчиња од модните дизајнери, туку ја направи вистинска street style ѕвезда по која фотографите „лудуваат“.

Модната трансформација дојде во вистинско време за 48 – годишната ѕвезда. Откако во јануари го изгуби нејзиниот сопруг Рене, само неколку денови подоцна почина и нејзиниот постар брат Даниел.

„Не е лесно. Единствено што сакам е да им покажам на моите деца дека нивната мајка е навистина силна жена“, изјави пејачката.

Еден од начините на кои го прави тоа е дотерување за секоја пригода и уживањето во секој нов ден како никогаш досега.

„Таа навистина ужива во себе. Ние всушност многу уживаме да работиме еден со друг, се забавуваме секој ден. Ме радува што ја гледам толку среќна. И јас сум среќен што таа најде вистински сојузник во модата“, вели нејзиниот нов стилист.

Нејзината возбуда за модата и новите комбинации во кои ужива е и повеќе од очигледна. Речиси на секое појавување во последно време можеме да ја видиме со широка насмевка и неверојатен стил кој е за огромна пофалба.

„Мислам дека таа ужива да биде фотографирана, што може и да се забележи. Модата е најинтерактивната форма на уметност. Таа може да ве однесе на сосема друго место, во поинаква димензија. Ако се чувствувате убаво, не можете да бидете тажна. Тоа едноставно е невозможно“, вели нејзиниот стилист Ло.

Пејачката го најмила стилистот откако ја видела неговата работа што тој ја завршил со 19 годишната Зендаја која важи за една од најдобро облечените пејачки на денешницата.

„На Селин и се допадна дозата на софистицираност што ја додавам во секоја комбинација на Зендаја, па ме нашла на Гугл и ме побара што беше навистина изненадувачки. Сепак, таа е икона“, вели нејзиниот стилист.

Всушност, може да се каже дека таа имала добри стилски моменти во нејзината кариера, но и требаше вистинско освежување како новиот стилист кој ќе и покаже нови правци во модата и безброј алтернативи.

„Таа видела сѐ и всушност ги преживеала годините на еволуција на модата. Таа е вистинска модна девојка. Селин не се плаши, сака да ги носи сите бои, брендови или модели. Секогаш се возбудува за нови работи. Воодушевувачки е тоа што таа е во 40 – тите и воопшто не се двоуми кога е модата во прашање. Кога ќе влеземе во собата со облека која ја одбрав за нејзиниот престој во Париз, секогаш размислуваме како таа се чувствува во моментот и врз основа на тоа ја одбираме облеката. Речиси секогаш таа е расположена за маичка и џинс, но сака да носи и парчиња од високата мода. Ќе повторам, таа ме воодушевува бидејќи не се плаши од ништо и тоа и го покажува“, вели нејзиниот стилист.

Дека е вљубена во високата мода докажа и со нејзиното присуство на некои од најзначајните ревии изминатава сезона меѓу кои и Џамбатиста Вали и Диор.

„Тоа беше моја идеја. Таа не дојде во Париз за да оди на ревии. Но, и кажав дека има модна недела и дека би било супер ако одиме на некои од ревиите. Таа ми рече дека не била на ревија повеќе од 20 години. Таа е многу смешна, таа е најприродната личност која сум ја запознал во животот. Високата мода е поврзана со фантазијата, па сакав таа да биде дел од тоа и не погрешив“, додава тој.

Пејачката му е вистински благодарна на нејзиниот нов стилист, а нејзиното мислење го делат сите оние кое ова лето го обожаваат стилот на Селин Дион!

Погледнете ја нејзината неверојатна трансформација погоре во галеријата.

Објавено:
25 јули 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.815 пати