Доколку сте обожаватели на популарната тин серија Pretty Little Liars, тогаш сигурно ја знаете оваа девојка.

Прекрасната Шеј Мичел е една од главните актерки во серијата која заедно со останатите нејзини пријателки речиси секогаш одбираат супер комбинации.

Приватно, оваа егзотична 29 - годишна убавица обожава секси комбинации што совршено прилегаат на нејзиното тело.

Неодамна тимот на The Coveteur имаше можност да го посети нејзиниот холивудски дом во кој се кријат вистински богатства кога станува збор за чевли, накит и облека.

Вистински љубител на модните додатоци, во нејзиниот плакар ќе најдете исклучително стилски и уникатни дизајнерски чанти, огромен број очила за сонце и шапки, но и алки и ланчиња кои таа секогаш сака да ги вметне во комбинациите.

„Мислам дека мојот стил секогаш се менува. Ако денеска носам бохо комбинација, утре можам да бидам хипстерски расположена, следниот ден спортски, другиот секси итн. Не можам да го опишам мојот стил со еден збор, тој секогаш зависи од тоа како ќе се чувствувам тоа утро, какво е времето надвор, што ќе правам во текот на денот. Некогаш сакам да носам цветен фустан и рамни чевли, но другиот пак сакам да одберам целосно црна комбинација со кожени панталони и рок јакничка, бидејќи така се чувствувам. Со еден збор, мојот стил постојано се менува“, вели актерката.

Покрај импресивниот плакар, таа има и уште еден полн со фитнес парчиња и патики во кои ќе каже дека е заљубена, а тоа може и да се види благодарение на нејзината беспрекорна фигура.

„Најмногу сакам да боксувам. Не можам да престанам, едноставно го обожавам овој спорт. Гледам прогрес секогаш кога и да влезам во салата и тоа е она што ме охрабрува да продолжам. Можете да почувствувате како станувате посилни и тоа е одлична работа. Многу луѓе ќе речат дека со јогата станувате пофлексибилни, но со боксувањето чувствувате една посебна сила. Тоа е супер кардио вежба, супер потење и сѐ останато. Боксувањето за мене дефинитивно е број еден“, вели прекрасната Шеј.

Таа ќе каже дека секогаш кога патува сака да посетува уникатни продавници од каде купува парчиња што никој друг ги нема и кои секогаш имаат приказна зад себе.

„Многу сакам да одам на шопинг во винтиџ продавници секогаш кога патувам некаде. Кога бев во Мароко, купив многу кул чанти кои не можете да ги најдете на ниту едно друго место и едноставно ги обожавам. Тие имаа приказна зад себе, не се како оние парчиња што можете да ги најдете во секоја продавница“, вели Мичел.

Дел од нејзините фантастични комбинации и супер плакарот можете да видите во галеријата погоре. 

Објавено:
27 април 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.427 пати