Шерон Тејт – Трагичната модна икона и рано згаснатата ѕвезда на Холивуд

24 јануари 2023

Шерон Тејт, големата надеж на Холивуд.

Остварува неколку значајни филмски улоги, но поголемиот успех го постигнува со телевизиската серија „The Beverly Hillbillies". Нејзината улога во филмот „Eye of the Devil" во 1965 е значајна од неколку аспекти: прва поголема ролја во филм и второ после тој филм го сретнува режисерот Роман Полански кој подоцна ќе стане нејзин сопруг. На 9-ти август 1969 година во осмиот месец од бременоста Тејт ќе ја убие група предводена од Чарлс Менсон.

Нејзината убавина ја поврзуваат со нејзината добродушност, нејзината едноставност и леснотија со која доминирала. Една од најубавите актерки на своето време која во вистинска смисла на зборот го отсликувала времето на 60-тите години. Модата која ја промовира во мега популарниот филм „Valley of the dolls", почнувајќи од вечерните тоалети, оние големи вештачки трепки кои во тоа време почнале да ги користат мејк ап артистите, начинот на кој ја носела својата фризура, сето тоа допринело да има силно влијание во модниот свет. Преферирала чисти, едноставни линии и костуми во бела и сива боја. Обожувала да дизајнираат за неа и тоа го практикувала. Ремените кои ги носела постојано на нејзините пантолани или пак фармерки станале нејзин заштитен знак. Не е потребно да се каже дека постојано била во мини здолништа кои и прилегале совршено.

Имала и листа на козметички производи кои ги користела постојано како што се Vaselin за нејзините усни и кафеавото моливче од Макс Фактор. Никогаш не одела со шминка во кревет, не преферирала многу парфеми, затоа што била исклучително сензитивна на мириси, па користела миризливи масла.
Шерон е инспирација и во овие модерни времиња, новите генерации ја препознаваат како уникатна модна икона пред сѐ затоа што сѐ што носела знаела како да го носи, било на црвениот килим, на улица, на вечера или на филмски сет. Денешните филмски ѕвезди ќе кажат дека Шерон ден денес им е референца кога станува збор за стајлинг.

Роман Полански после нејзината смрт ќе каже дека никогаш повеќе нема да биде истиот човек, а нивната безвременска љубов се раскажува веќе 40 години.


Нејзиниот лик го портретираше Марго Роби во блокбастерот од 2019 година, „Once Upon a Time in... Hollywood", каде глумеше заедно со Бред Пит и Леонардо ДиКаприо.

Во ова филмско остварување беше доловено и нејзиниото маркантно чувство за естетика, со што и публиката од новата генерација можеше да се запознае со нејзината величина како модна икона.

 

Објавено:
24 јануари 2023
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.918 пати