Американската актерка Кејт Босворт својата популарност ја стекна преку главната улога во филмот Blue Crush. Освен по импресивните филмски улоги таа е позната и по својот беспрекорен моден стил.

 

Кејт редовно ги следи најновите трендови и успева да го зачува гламурот на холивудска дива. Иако имаше проблеми со анорексијата, сериозно го сфати тоа пореметување во исхраната и успеа да се излечи од болеста. Во модните кругови важи за една од најдобро облечените светски трендсетерки, таа е женствена, елегантна и секогаш неверојатно софистицирана. Кејт е вечна инспирација за сите жени што ја сакаат класиката и безвременската елеганција. Босворт е препознатлива по своите руси кадрици, а за насловната страна на магазинот Company дозволи фризерите да експериментираат со нејзината коса, а заблеска и во нео панк варијанта со зелено сини врвови, но сепак по снимањето Кејт и се врати на својата природна боја на коса.

 

Во интервју за истиот магазин, Кејт зборува за модата и открива дека најмногу и се допаѓа стилот на британската актерка Сиена Милер.

Објавено:
19 август 2013
Категорија: 
Модна икона