Реномираната француска куќа Шанел и make – up артистот Саша Јоковиќ, ексклузивно за францускиот онлајн портал www.buro247.hr ви предлагаат три начини како да се нашминкате за најлудата ноќ во годината.
Новогодишниот make – up по правило е секогаш гламурозен, понекогаш дури се случува дамите и да претераат во изборот со додавање на светкави детали и јако акцентирање на очите и усните. Гламурот на вашето лице мора да го следи и гламурот на вашата коса, која во новогодишната ноќ може да биде раскошна, сексапилна и разиграна. Шминкерот Саша Јоковиќ и фризерот Мијо Мајхен креираа три новогодишни изгледи кои со сигурност ќе ви се допаднат. Уште повеќе затоа што моделот во нивната приказна е преубавата актерка Јелена Велјача.
Златна божица
Сенка со златен сјај на капаците од вашите очи изгледа неверојатно свечено и софистицирано ако се изведе на вистинскиот начин и со мерка. За овој изглед првенствено е нанесена подлога, односно пудра чија задача е да ја нахрани и хидратизира кожата на вашето лице. За покривање на ситните несовршености на лицето нанесете коректор, a подлогата фиксирајте со пудра во прав која има нежен златен сјај. На златниот поглед додајте му и туш во црна мат боја и маскара за издолжени трепки која дополнително ќе ги нагласи вашите очи. Како завршница на целиот изглед ставете нежен кармин на вашите усни во пастелно портокалова боја. Фризурата на Велјача е направена со фигаро, а големите кадрици потоа се расчешлани со четка за коса, за да се добие раскошен и волуменозен изглед.
Брижит Бардо и Кејт Мос
Еден од најпопуларните изгледи е оној кој евоцира сексапил како француската божица Брижит Бардо, а која безброј пати успешно ја репродуцирала супер моделот на сите времиња Кејт Мос. Со оваа пунџа од која лелеаво паѓаат прамени на лицето најдобро соодветствува мачкаст make – up. Така ќе изгледате мистично и со доза на ретро шик. Во однос на шминката првенствено е нанесена течна подлога која ја хидратизира кожата. Потоа треба да продолжите со нанесување на коректорот за да ги скриете сите недостатоци и на крај фиксирајте со мат пудра во прав. Очите се исцртани со црн туш кој продолжува и малку надвор од окото во комбинација со маскара за да уште повеќе да се нагласи погледот и црно моливче кое е нанесено внатре во очниот капак. За крај на усните нанесете пастелно розова нијанса на кармин.
Вечна класика
Црвениот кармин е избор на сите оние дами кои сакаат да постигнат елегантен и класичен изглед. Убавото кај црвениот кармин е тоа што одлично се комбинира со очи кои се нежно нагласени со црн туш и со сенка за очи која градира во топли земјени нијанси и златни тонови. Како и во претходните два случаи на лицето прво се нанесува течна пудра и коректор кои подоцна се фиксираат со пудра во прав. Образите се нежно нагласени со руменило во црвена нијанса. За крај, шминката заокружете ја со маскара со која дополнително ќе го нагласите вашиот поглед. Фризурата за овој тип на шминка е разиграна,нежно прекршена во стилот на 1970 – тите.