Шминкањето е секојдневна активност на речиси секоја жена. Со тоа одат и одредени навики или пак лошо научени чекори, за кои некогаш не сме ни свесни.
Токму во продолжение ќе прочитате неколку брзи совети за грешки што често ги повторуваме при шминкањето, а сигурни сме дека ќе ви користат:
-Не барајте ја вистинската нијанса на пудра така што ќе ја ставате на образ, односно јаболчниците. Кожата на лицето е подложна на надворешни влијанија, или ќе добие потемен тен од сонцето, па не е иста со кожата на телото. Затоа, нијансата на пудрата секогаш одредувајте ја според вратот. Таа што се претопува со природниот тен на кожата, таа е вистинската нијанса.
-Коректорот не се става пред пудрата, иако речиси сите го прават тоа. На тој начин само се размачкува коректорот, дури и се брише. Затоа, првин нанесете ја пудрата, а потоа коректорот, кој во таков случај ќе го ставате и во значително помало количество.
-Не нанесувајте ја основата со нагорни движења на четката. На тој начин ќе направите влакната од четката да ви останат на образот. Затоа, „тапкајте“ со четката или сунѓерчето за нанесување пудра, односно основа, ефектот ќе биде подобар.
-Не користете ист коректор за покривање на подочниците и мозолчињата. Коректорот за подочници треба да е една нијанса посветол од тонот на кожата, а истиот ставен на мозолче ќе придонесе за негово истакнување, а не сокривање. За да го сокриете, користете течен коректор во истата нијанса со вашата кожа.
-Кога сакате да сокриете лузна, не потпирајте се само на коректор. Првин ставете основа односно пудра, па коректор, па пудра во прав, за да се постигне саканиот ефект.
-Кога ставате коректор околу подочниците, не ставајте го во форма на полумесечина. Правилниот начин е со оформувањето триаголник, со што ќе го покриете целиот дел околу очите, како на фотографијата.
-Не прескокнувајте ја кремата бидејќи имате масна кожа. Тоа само ќе придонесе кожата да се суши и со тоа да произведува уште повеќе маснотии. Наместо тоа, обидете се да нанесете на лицето микс од јаболков оцет и вода, или зелен чај, бидејќи ќе придонесат за балансирање на pH вредноста и тоа пред да нанесете крема на лицето.
-Ако имате масна кожа, не користете течна крема на целото лице. Наместо тоа, на Т-зоната употребувајте гел-крема, а течна крема на остатокот на лицето. На тој начин ќе го избегнете „сјајниот“ ефект.
-Не користете пудра во прав во борбата против масната. Подобро користете камена пудра и нанесете ја пред или после останатата шминка, со што сјајот ќе исчезне.
-За да ја отстраните Т-зоната, користете тоалетна хартија или салфетка, кои веднаш ќе го впијат вишокот сјај.
-Ако веќе имате масна кожа, не користете продукти со сјај. На тој начин само ќе го направите вашиот проблем уште повидлив. Наместо тоа, користете мат бронзери или руменила, со светли нијанси и ќе добиете одличен ефект.
-Не нанесувајте бронзер насекаде по лицето, туку нанесете го во форма на бројот 3 што ќе ги опфаќа челото, јаболчниците и брадата.
-Не исцртувајте ги веѓите со истото количество молив и прав. Внимавајте на лакот, нека биде во согласност со природната форма, а веѓите потоа исчешлајте ги со четкичка од стара маскара. Тоа ќе придонесе вишокот боја и прав да бидат отстранети, а веѓите да изгледаат понежно.
-Не тресете ја маскарата, односно не правете многу движења со четкичката. Доволно е тоа едно кога ќе ја отворите. Во спротивно ќе придонесете за зголемување на бројот на бактериите.
-Тушот или ајлајнерот не нанесувајте го така што ќе го влечете очниот капак, со тоа само ја оштетувате еластичноста на кожата околу очите, а таа е и најнежна. Наместо тоа, исцртајте груба линија, а потоа со стапче со памук, дотерајте ја линијата и отстранете го вишокот.
-Не нанесувајте црн туш или молив околу целото око и во внатрешноста на долната линија. Тоа ќе направи очите да ви изгледаат помали. Наместо тоа, горниот капак нека биде исртан со црн ајлајнер или молив, додека долниот нека биде со сив или кафен, додека во внатрешната линија не ставајте ништо, или пак само молив во бела/беж боја, со што ќе го „отворите“ окото.
-Не нанесувајте кармин без да ги нагласите аглите на усните. Со коректор поминете по надворешната страна на усните и аглите, со што ќе добиете појасни и дефинирани линии.