Американската актерка Теса Томпсон дефинитивно е новата миленичка на Холивуд откако ги освои срцата на публиката со улогите во Thor, Avengers и сега во Man in Black: International.

Покрај одличната глума, таа освојува и со нејзината харизма, но се чини најмногу со модниот стил кој за кратко време стана омилен меѓу модните критичари.

Се чини сè што таа ќе одбере знае да го носи на посебен начин, па така често експериментира со интересни кроеви кај парчињата, но и шик фризури и шминка.

Токму поради овие комбинации, таа стана една од омилените девојки што дизајнерите сакаат да ја облакаат, особено кога им треба некој што сака да експериментира.

Нејзините стилисти создадоа фантастичен избор на парчиња во кои актерката се појавуваше на сите промоции на новиот филм Man in Black: International и се чини дека ниту еднаш не направија грешка.

Највпечатлив од сите стајлинзи се чини дека беше оној со црниот костум со впечатливи сини карнери во предниот дел, но и сребрениот фустан од Родарте комбиниран со светкава чанта во облик на полумесечина.

Според Вог, актерката и нејзиниот тим стилисти создадоа неповторливи стајлинзи за сите денови од промотивната турнеја на филмот со кои го заинтригираа модниот свет кој очекува многу од Теса.

Во галеријата погледнете како изгледаше оваа прекрасна 35 – годишна актерка на промоцијата на Man in Black: International ширум светот.

Инфо и фото: Tportal.hr

Објавено:
18 јуни 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
406 пати