Млади, стилски ѕвезди во подем
•
27 февруари 2014
Холивуд живее во духот на Оскарите и по тој повод на секој чекор се одржуваат забави на кои се појавуваат нови млади ѕвезди, кои наскоро ќе ги полнат магазините со своите успеси во кариерата, но и интересни стајлинзи и кампањи.
На забавата на магазинот Vanity Fair која се одржа во вторникот, се појавија голем број млади ѕвезди кои тежнеат да го освојат Холивуд. Меѓу присутните беа: Max Minghella, Dave Annable, Kate Mara, Jena Malone,Taryn Manning, Maggie Grace и многу други.