Тегличките станаа едни од најпопуларните начини за декорација на разни пригоди. Со оглед на тоа дека ни доаѓа декември и празничниот период, тие можат да добијат новогодишно руво.
Ние најдовме неколку интересни предлози, а за повеќето од нив не е поитребно повеќе од бои, лепак, ткаенини, леплива хартија и украсни ленти.
Тегличките можете да ги персонализирате, да ги наполните со зачини - цимет, сушен портокал, со колачиња, некој интересен украс (ирвас, елка, количка)... Можете да им ставите и сијалички, или да ги наполните со светки или вештачки снег.
Капаците пак доколку ги обвриткате со украсна хартија или лентички, можат да бидат нови лампиони за вашата елка.
И спрејот е една од опциите со кои можете да ги доукрасите и да им дадете нов лик.
Доколку внатре ставите сол за релаксација на пети или пак миризливи свеќи, може да биде уште една идеја за подарок за некој што ви значи.
Во продолжение погледнете ги и останатите предлози што ги најдовме на Инстаграм и Пинтерест. Листата секако не завршува тука, но секако е одлична за инспирација и за креативна работа во која ќе учествува целото семејство: