Ако не сте фан на класичната новогодишна елка, еве супер алтернативи...

17 декември 2018

Доколку сè уште не сте ја украсиле новогодишната елка, но истовремено размислувате за една поинаква и неконвенционална алтернатива, тогаш имаме супер идеи за вас.

Традиционалното новогодишно дрво секако има посебен шарм, но не е на одмет понекогаш да експериментирте и празничната магија во вашиот дом да ја надополните со нова, модерна и креативна варијанта.

Изборот на алтернативна елка зависи од вашите лични преференции, а можностите се бројни. Социјалните мрежи како Инстаграм и Пинтерест нудат богати идеи што сигурно ќе ве инспирираат.

Па така, ако имате богата домашна библиотека, една интересна идеја е да направите инпровизација на елка со книги и да ги украсите со сијалички. Гранка од дрво исто така може да послужи како супер основа за алтернативна елка, со тоа што може да ја надополните со украси што сами ќе ги направите. Една од поедноставните, а многу ефективни варијанти, е на ѕид да поставите сијалички во форма на елка...

Уште неколку интересни идеи следуваат во фото галеријата во продолжение.

Фото: Инстаграм, Пинтерест

Објавено:
17 декември 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
709 пати