Дадете и' нов изглед на тексас кошулата

23 септември 2014

Променливото време наметнува поголем дел од времето да поминете во домашна атмосфера секако доколку ги тргнете на страна работните обврски. Во тој случај, ние ќе ви понудиме интересен туторијал кој може да биде инспириција за ново хоби, зошто да не?

Доколку летниот период актуелни беа разресените фармерки, овој пат предност и' даваме на тексасната кошула. Па доколку сакате да ја модифицирате старата кошула и да и' дадете нов трендовски изглед, тогаш една од идеите е да направите дупки во делот на рамената, а  останатите делови од кошулата како на пример завршетоците, да ги разресите.

Модната блогерка Керен на својот блог „Where Did U Get That“ на едноставен и илустративен начин објаснува дека за спроведување на оваа идеја покрај кошулата, ви се потребни единствено ножици и ренде. Односно за да направите реси, стругајте во спротивен правец, а доколку кошулата има два слоја на местото под вратот и рамената, од кој долниот е потемен, слободно исечете го со ножици за ткаенината да создаде дополнителен ефект. На овој начин ќе и' дадете нов изглед на тексас кошулата, која во овој период од сезоната одлично се комбинира со кожени панталони или хеланки и чизми до глужд.

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Направи сам