Нов тренд на искинати фармерки што нема да ве чини ниту денар

27 мај 2014

Искинатите и парталави модели на фармерки воопшто не се некој нов тренд. Изминатите неколку сезони на голема врата се вратија токму ваквите модели од цигара па се до бојфренд крој. Освен од модните писти, уличната мода секогаш игра голема улога во создавањето на новите трендови, па така е и овој пат. Љубителите на модата ширум светот ги обожаваат и се почесто практикуваат да носат фармерки со големи отвори во пределот кај колената.

 

Речиси комплетно искинати фармерки со големи отвори, секако дека можете да си направете сами.  Ви требаат само ножици и добра проценка каде треба да исечете, но и доколку погрешите во режењето, тоа нема да делува како грешка туку напротив, ќе изгледа трендовско. Уште веднаш најдете кој чифт ќе го модифицирате, што од стар инстантно ќе стане актуелно нов.

ASOS ASOS

Evil Twin Evil Twin

Maurie & Eve Maurie & Eve

Nasty Gal Nasty Gal

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Тренд