Десет начини како да изгледате шик во парчиња со леопардов принт

10 септември 2014

1. Доколку сте во можност искористете ги топлите денови од летната сезона која е на заминување и искомбинирајте блуза со леопардов принт со кратки тексас панталони. Не заборавајте изгледот да го комплетирате со очила за сонце и чевли на платформа.


2. Доколку работната позиција ви дозволува носење на различни парчиња, односно доколку не носите униформа, тогаш облечете класични панталони и кошула и изгледот комплетирајте го со влечки со леопардов принт. Убавината е во деталите.


3. Најчесто луѓето кога ќе помислат на фустан со леопардов принт добиваат погрешен впечаток дека се работи за краток тесен фустан. Доколку имате едноставен крој на фустан со леопардов принт чија должина е барем до колената, тогаш искомбинирајте го со неутрални модни додатоци и ќе имате одличен дневен стајлинг.


4. Доколку сте креативец, тогаш овој стајлинг е вистинскиот избор за вас! Направете комбинација на леопардовиот принт со друг принт, без разлика дали ќе се работи за точки или пак пруги.


5. Доколку сте љубител на деталите, тогаш одберете моден додаток со леопардов принт и комбинирајте го со монохроматски аутфит чија едноставност ќе придонесе акцентот да биде токму на деталите.


6. Одберете кежуал стајлинг кој ќе биде комбинација од блуза со леопардов принт и неутрална боја на куси панталони. Изгледот комплетирајте го со впечатлива чанта и чизми до глужд.


7. Со пристигнување на есенската сезона на голема врата се враќаат и мото јакните кои одлично се комбинираат со панталони со леопардов принт. Софистицирана комбинација за дневен и вечерен стајлинг.


8. Предноста на чантата со леопардов принт е што дава целосен ефект на која и да е комбинација. Тоа значи дека без разлика дали ќе одберете кежуал или лежерен изглед, одберете модел на чанта со леопардов принт со која ќе го заокружените целосниот изглед.


9. Доколку сте решени да купите крзнено елече или пак јакна, тоа нека биде во леопардов принт, но внимавајте во комбинирањето на останатите парчиња кои треба да бидат најчесто во монохроматска нијанса и секако за целосен изглед заокружете го стајлингот со шик модел на чевли.


10. Вистинската дама знае да внесе доза лежерност и сензуалност во едноставни класични и неструкирани парчиња, а тоа најдобро се постигнува со краток топ во леопардов принт, кој делумно ќе навира под волуменозното сако.

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Направи сам