Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да си купите цвеќе за дома

20 април 2019

Пролетта помеѓу другото ја сакаме и поради убавите цвеќиња. Овој пат се осврнуваме на тоа како можат да го облагородат внатрешниот простор за живеење и балконите.

Букетите или само неколку стебленца од вашето омилено цвеќе се инстант начин да ја подобрите атмосферата и изгледот на интериерот, пред сè.

Актуелни се вазни во необични форми, како и стаклени шишенца или тегли наместо вазни. Исто така, цветни аранжмани во корпи се одлични за декор во домот.

Ако сакате повеќе саксиско цвеќе, внесете промена така што саксиите ќе ги обложите со јута конец и ќе добиете сосема нов лик на просторот.

Керамичките вазни се исто така популарни, како и дрвените садови или саксии.

Еден цвет или поголем цветен аранжман - изборот е ваш, но ќе направи весела промена во вашиот дом. 

Во продолжение следат уште неколку идеи:

 

Објавено:
20 април 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.816 пати