Што и да кажеме факт е дека жените мошне често носат чевли со високи потпетици, бидејќи на тој начин се чувствуваат поженствено, самоуверено, моќно, елегантно. Сепак од друга страна пак жените не се стрип или филм јунаци како на пример „Wonder Woman“, за да можат да ги носат секојдневно обувките со високи потпетици. Сите ја знаат вистината дека носењето на чевли со високи потпетици боли, нозете отекуваат, се прават плускавци, па поради тоа еве ви неколку практични совети кои ќе ви помогнат да се справите со непријатностите од носењето на чевли со потпетици.
Купување чевли со потпетици
Купувајте внимателно, купувајте класични и удобни модели, не ги следете секогаш модните трендови, понекогаш добра чевла е добра и крај на приказната. Не избрзувајте во купувањето и кога купувате чевли гледајте да си комбинирате и чанта заедно со нив. Вашиот изглед делумно ќе биде комплетен, а вие ќе бидете задоволни.
Бидете реални
Сите си ги знаете границите и треба да бидете свесни дека одредени модели не стојат на секого. Некој може да носи чевли со екстремно висока пета, но некој не, некој може да си дозволи пар чевли од Кристијан Лобутан, Маноло Бланик или Џими Чу, ама некој не може. Без разлика на се треба да знаете кои се вашите можности желби и потреби. Одберете го соодветниот модел и купете за цена која вам ви одговара.
Вежбајте
Кога ќе ги купите вашите нови чевли со потпетица, носете ги првите неколку дена по дома, за да се опуштат малку и да не прават рани. Носете ги со тенки чорапи, грбот нека ви биде исправен, рамената назад, градите напред. Опуштете ги колковите но стегнете ги глуждовите. Сега сте спремни!
По неколку часа носење на обувки со потпетици стапалата почнуваат да болат и да отекуваат, но не се грижете бидејќи тој проблем ќе го решите со тоа што ќе ги намачкате вашите стапала со гел од ментол или крем за нозе кој ќе ја излади кожата и ќе ви ја забрза циркулацијата, исто така одличен совет ви се влошките за стапала кои ги вметнувате внатре во чевлите и ви го олеснуваат движењето и чекорот. Следете ги овие мали совети и ќе видите дека има вистина во приказната дека жените светот го освојуваат во чевли со високи потпетици!