Високите жени имаат проблем во наоѓањето соодветни чевли

14 октомври 2013

UK-Shoes-cover-photo2

Никол Смолвуд, позната модна стилистка, носи чевли со број 40 и поминала години барајќи ги оние што и одговараат на големината. Меѓутоа, кога сфатила дека е многу тешко да најде модерни чевли со таа големина, одлучила сама да ги дизајнира.

-Ќе си помислите дека како на стилист ми е многу лесно да најдам убави чевли. Но, грешите. Секогаш сум се мачела да најдам квалитетни обувки во кои можам да „влезам“. И тие кои успевав да ги најдам, ни одблиску не беа убави или модерни колку што сакав јас - рече Никол и додава дека модната индустрија не размислува за високите жени со поголеми стапала и дека е посебно тешко да се најдат чевли со потпетица, затоа што се претпоставува дека на високите жени не им требаат потпетици или пак се премногу високи, што не е природно.

Никол Смолвуд (средина) Никол Смолвуд (средина)

Токму затоа, Никол одлучила да преземе нешто по тоа прашање. Креирала разновидна колекција од 11 модели на чевли - од „превртена“ кожа која се „прелива“ во нијанси на розова, виолетова и металик сива, па се до оние од црни ткаенини со текстура од сомот, со животински дезен и светкави украси. Може да се избере и висока или ниска потпетица во различни дебелини.

Никол вели дека нејзината колекција има за цел да обезбеди пристојни чевли со потпетици за жените со поголеми стапала и дека е сигурна дека жените кои имаат сличен проблем како нејзиниот, ќе бидат задоволни со нејзината колекција.

80090e4164cf5e2fcaa25280d4a47d90

Нејзини модни совети за чевли за оваа сезона:

1) Оваа сезона се е во знакот на текстурата и принтот, па освежете ја својата колекција со едни такви.

2) Секој може да носи чевли со ремен околу глуждот. Експериментирајте и откријте која дебелина на ременот ви одговара најмногу.

3) За некоја вечерна пригода, можете да ги почестите своите стапала со чевли што имаат некој дискретен светкав додаток, не нападен и впечатлив.

4) Сите жени кои бараат чевли со потпетица која изгледа заводливо, но и да е удобна. Пронајдете ги чевлите со високи потпетици, во кои ќе можете да чекорите сигурно и лесно, а во исто време ќе ве направат и заводливи.

5) И понатаму се многу популарни чевлите-чизми, без разлика дали се работи за есен или зима, па најдете некои кои можат да се носат и преку ден и навечер.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци