Скапоцените дизајнерски модели како оние со потпис од Кристијан Лубутан, неретко имаат потпетица од 15 или 18 сантиметри. „Жените трошат многу пари за високи потпетици кои може да бидат опасни и сето тоа само за да изгледаат привлечно“ – изјави за Тајмс, психологот доктор Ник Неви.
Но сепак, колку и да изгледаат сексипилно и привлечно, сепак високите штикли не се препорачливи за вашите стапала. Според неодамнешното истражување на научниците од Лондонската национална ортопедска болница, дамите кои често носат високи потпетици завршуваат со деформирани стапала бидејќи целата телесна тежина паѓа на двете мали коски под палецот што може да доведе до големи проблеми.
Токму затоа доколку немате повод за носење на чевли со високи потпетици, практикувајте да носите балетанки и патики, а за поинтересен приказ на трајните последици во продолжение погледнете го видеото кое на едноставен начин го илустрира овој проблем.