Инстаграм профил со креативни, новогодишни, рачни изработки

21 декември 2023

Во оваа празнична сезона ссобено интересни ни се креативните рачни изработки со новогодишни мотиви.

Барајќи низ Инстаграм каде уметниците најчесто ги објавуваат своите дела, наидовме на профилот @justcrafting_macedonia, којшто нè воодушеви со слатките новогодишни украси.

Зад него стои креативката Јасмина која што во своето слободно време со голема љубов креира декоративни изработки од полимерна глина и епоксидна смола.

Од персонализирани печатени подароци, па сè до уникатен накит, таа со своите вешти раце и имагинација создава мини уметнички дела.

Претстојните празници се посветени на орнаменти со новогодишни мотиви, а ние ви пренесуваме дел од нив.

Фото: Instagram

Објавено:
21 декември 2023
Категорија: 
Направи сам