Инвентивни начини како да комбинирате принтови

30 август 2014

Принтовите се апсолутен тренд изминативе неколку сезони, но некако е многу полесно и поприродно кога ги носиме за време на топлите месеци. На голи и исончани нозе секој еден принт изгледа добро, особено поради миксот на свежи бои кои креираат навистина храбар и тренди стајлинг.

За да ве инспирираме и да ја разбудиме вашата фантазија да почнете смело сами да ги комбинирате актуелните принтови, селектиравме широк спектар на стајлинзи кои модните трендсетерки цело лето ги промовираат низ градските улици. Како најактуелни модели според модните стилисти се елегантните миди фустани во класичен крој декорирани со цветен и геометриски принт. Во истава група сосема оправдано се најде и популарниот пругаст принт кој можете да го комбинирате со ромбусни модни додатоци. Во плејадата принтови не можеше да изостане и карираниот кој ќе биде мошне актуелен претстојната сезона.

 

 

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Направи сам