Макси фустаните ќе ја одбележат жешката сезона

7 мај 2014

Прекрасниот пролетен зрак кој што последниве неколку дена е актуелен низ Скопје беше доволен стимул за припадничките на понежниот пол да ги развиорат макси фустаните низ градските улици. Топлото време е како создадено за носење на долги фустани. Без разлика дали станува збор за наједноставен лежерен крој со некој цветен принт, елегантен матурски фустан или пак модел во бохо стил со кој што ќе го разгазите песокот на плажа, макси фустаните и оваа жешка сезона ќе го задржат модниот примат и ќе бидат одличен избор за секаква пригода.

Бидете подготвени за да го следите трендот на макси фустаните, направете си неколку комбинации, надополнети ги со инвентивен накит, обувки, чанта и шапка и уживајте во убавите топли денови кои допрва доаѓаат.

Во продолжение погледнете неколку модели кои ги селектиравме за да ја разбудиме вашата пролетна модна фантазија.

 

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Тренд