Како да го комбинирате вашиот омилен блузон?

25 октомври 2013

Девојки! Мора да признаете дека секогаш кога и да видите некоја комбинација што многу ви се допаѓа, без разлика дали е на фотографија или пак во живо на некоја девојка, посакувате да ја копирате.

Но, за да го направите тоа и да изгледате токму онака како што си се замисливте, дефинитивно треба да ги одберете вистинските парчиња. Последен моден тренд што со брзина на светлината се прошири низ светот, се женските блузони со најразлични принтови.

Истите се навистина специфично парче облека и треба со големо внимание да се комбинираат. Секако, најлесно и без грешка ќе ги комбинирате ако ги облечете со панталони или фармерки, но за шик и женствен изглед може да ги облечете и со некое модерно здолниште.

За да ви помогнеме во вашиот избор, ние направивме селекција на нашите омилени комбинации во кои е вклучен моментално омилениот на многу девојки, блузон и доколку се водите по овие упатства, многу е веројатно дека нема да погрешите.

Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за вашата вечерна комбинација.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам