Што да облечете денес?

6 март 2014

Денешната предлог комбинација за што да облечете денес е шик и урбана,  сочинета од  парчиња за девојки со самодоверба што не се плашат да облечат храбри комбинации. Овој индивидуалистички спој од женствени и тренди парчиња ќе ви даде урбан изглед од кој ќе се издвојувате низ градските улици. Фалтираното макси здолниште во пруги спојте го со бела спортска маичка со некоја интересна апликација, а врз неа облечете исто така впечатливо кратко палто во контрастен графички принт. За да уживате во комфорноста облечете ги црните  чизмите до глужд со дебела квадратна потпетица. Во зависност од бојата на принтовите на вашето здолниште и палто, пробајте да го комбинирате и накитот и чантата. Со ваков изглед вашиот индивидуализам е во преден палан. Дишете со полни гради самодоверба и уживајте во денот!

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Тренд