Што да облечете денес?

16 јануари 2014

Денешната формална комбинација се состои од едноставна памучна маичка на пруги, миди бело здолниште со висок струк и класично црно сако. Елегантен но истовремено и лежерен стајлинг, во кој ќе изгледате модерно и шик на работното место. Деталите нека бидат дискретни и во пастелна нијанса, а ако сте од оние дами што ги обожаваат салонките за преку ден, можете да облечете црни, но одлично би се сложиле и такви во нежна бежова нијанса. Се зависи од тоа што поседувате, пробајте да ги споите на сличен начин и дишете полни со самодоверба. Имајте убав ден!

 

 

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Тренд