Што да облечете денес?

6 февруари 2014

Денешниот ден почнете го со тоа што од вашиот плакар ќе изберете тренди лежерни парчиња кои  ќе придонесат да се чувствувате комфорно, но и модерно. Пробајте да споите слични парчиња и бои од она што веќе го поседувате, а изборот нека биде од светол џинс на бојс фармерки, бежова блуза и тегет класично сако. Аксесоарите дополнително ќе го „зачинат“ целиот изглед, доколку поседувате вакви слични ретро чевли, што ќе ја потенцираат вашата индивидуалност. Чантата нека биде црна, а шапката во слична нијанса како и палтото. Имајте убав ден!

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Тренд