Што да облечете денес?
•
26 февруари 2014
Драги наши дами, за денешниот ден ви предлагаме дневна комбинација во спортско елегантна варијанта. Веруваме дека поседувате слични парчиња во вашиот плакар за да пробате да ги споите како од фотографијата. За денешната елегантна младешка комбинација потребни ви се: светол џинс на цигара фармерки, класично сако во пастелна или минт нијанса и кошула или едноставна маичка со слични колорни тонови. Од аксесоари, изберете ги впечатливите салнонки кои дополнително визуелно ќе ги продолжат вашите нозе, но ќе допринесат и за поголема женственост, додека пак накитот нека биде дискретен и во сребрена нијанса. Имајте убав ден!