Доколку веќе сте одлучиле да купите бунда и аксесоари од природно крзно, или пак го поседувате од вашата мајка или баба, треба да знаете неколку основни правила за негово одржување. Крзното не е многу осетливо, така што нема да му наштети дожд или снег. Важно е како да го третирате откако ќе се намокри. Едноставно кога ќе влезете дома добро протресете ја бундата и оставете ја да се исуши на ладно место, потоа откако ќе се исуши уште една протресете ја.

 

Никогаш не ја четкајте или сушите со фен, така влакното се уништува и прилепува, затоа е неопходно природно да се исуши. Исто така, никогаш не прскајте го крзното со парфем, зашто хемикалиите можат многу лесно да го оштетат. Ако имате чанта со синџир немојте да ја носите преку рамо, тогаш на тој дел бундата ќе се оштети. Придржувајте се до овие едноставни правила кои ќе го зачуваат крзното подолго време. Секако доколку немате некое парче од природно крзно, а сакате да си купите, наш совет е да се одлучите за еко крзно.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам