Како да ја дефинирате половината

17 април 2013

 

1

Стратешки поставена лента

Викторија Бекам стана професионалец за креирање фустани кои се припиени и кои со помош на хоризонтални линии оптички го истакнуваат струкот така што го насочуваат вниманието на најтесниот дел од телото.

 

2

Ремени во сите големини

Ова е толку очигледен трик, кој има помага на оние со истакнати облини, но функционира дури и кај жените со рамна градба на кои бидејќи ременот дава изглед на половина кога навистина ја нема. Овде гледаме металик ремен комбиниран со капут со минималистички крој, но овој тренд можеда го примените и на пролетните парчиња облека.

 

3

Употреби пеплум крој

Пеплумот како екстензија на структурирани блузи и фустани ја креираат женската силуета која е актуелна веќе неколку сезони. Модел со карнер позициониран околу струкот на секого му стои добро на сите, без разлика на видот на градба, а може да се носи и во дневна и во вечерна пригода. Внимавајте да не погрешите со пропорциите и бирајте креации кај кои пеплумот започнува во најтесниот дел од половината.

 

4

Струкирано сако

Јакните и блејзерите обично се дел од машката гардероба, ама може да изгледаат доста женствено ако се добро скроени да одговараат на женската линија. Носете сако кое е прилагодено на женската силуета, што значи посекако да е струкирано и доколку сте во можност нека биде скроено по ваша мерка.

 

5

Широко здолниште

Ако сакате да носите мини здолниште предлагаме тоа да биде скроено во форма на круг и да почнува да се шири од струкот. Избегнувајте ги тесните и припиени здолништа, тие се толку демоде...

 

6

Драматичност во долниот дел

Фустаните  и здолништата кои се припиени околу бутовите и се шират на дното секогаш им ласкаат на жените. И погодете што? Тие го намалуваат струкот и ја дефинираат целата силуета!

 

7

Тип-топ пропорции

Да, сите ние ги сакаме широките џемпери и блузи, ама кога кога станува збор за додворувачка форма и тенка средина од телото, најдобро функционира која кошулата или маицата ќе ја вовлечете во здолништето или панталоните.

 

8

На преклоп 

Фустанот  на преклоп е генијален дизајн кој најмногу му ласка на женското тело, а во модата во претстави креаторката Дајан фон Фурстенберг уште во70-тите години од минатиот век. Тој не само што е удобен и со едноставен крој, туку  има универзална моќ да одговара на сечија градба на тело. Не е чудно што постојано му се навраќаме на овој вид на фустан...

 

9

Тенок кардиган

Сезонава актуелни се костимите, но потрагата по совршена комбинација на сако и панталони кои трендовски се направени со интензивни бои или со ретро отпечатоци, нашиот струк и со тоа женственоста лесно може да се изгуби во приказната. За да ја одржите половината во центарот на вниманието одберете тенок џемпер или елек кој ќе го закопчате само околу струкот.

 

10

Фустани со принцес-крој

Тоа се оние модели кои се скроени така што се тесни околу струкот и благо се шират во долниот дел. Најчесто без ракави и со високо деколте, принцес-фустаните се одлично парче за оваа пролет.

 

11

Шара во долниот дел

Облечете се во здолниште или панталони со впечатливи отпечатоци и комбинирајте со неутрална кошула и создадете визуелен трик со кој ќе привлечете внимание на половината. Шарената облека дури и кога е тесно скроена создава илузија на волумен, што е причина зошто кога ќе ја спариме со бела кошула, како на фотографијата, допринесува горниот дел и половината да изгледат помали.

 

12

Блокови во боја

Пред неколку сезони Стела Макартни направи генијален модел на фустан кој почнаа и другите дизајнери да го копираат. Со добра причина... Креиран со панели во две контрасни бои – една во центарот на фустанот, другата што креира еден вид на ефект на сенка на двете страни – со што телото изгледа потесно и половината визуелно нагласена. 

 

Објавено:
17 април 2013
Категорија: 
Направи сам