Балсамот е задолжителен дел од несесерот на девојките кои сакаат да имаат сензуални и меки усни. Токму затоа ние ќе ви понудиме начин на кој ќе може да имате балсам кој не само што ќе ја заштити вашата уста, туку ќе биде и во вашата омилена нијанса.
За ова ќе ви бидат потребни: пантенол крема, сенка за очи и кутивче од стара сенка или пак балсам.
Во празната кутија ставете пантенол крема и потоа додадете од нијансата на сенката по ваш избор. Во зависност од тоа со каков интензитет сакате да биде балсамот, толку сразмерно ќе ставате од сенката.
Исто така, доколку сакате розови нијанси, може да го искористите и старото руменило. Најважно од се е да ја размешате смесата со четка со цел да не останат грутки од сенката, а по ваша желба може да експериментирате со боите или пак да додадете светки. На крај, ќе имате балсам за уста во вашата омилена нијанса.