Лоши навики по вашата убавина со кои морате да престанете

10 декември 2013

Речи си сите имаме по некоја лоша навика што ја уништува нашата кожа и коса. Свесни сме за нивната негативна реакција, па затоа ве потсетуваме од што треба да се одвикнете, а пред се е штетно по здравјето и убавината.

Не го лижете балсамот за усни

„Јадењето“ на балсамот за усни има спротивен ефект на оној вистинскиот. Вашите усни се повеќе се сушат и пукаат, па затоа подобро не го носете балсамот со вас, а нанесувајте во домашни услови мед кој ќе се воздржете да го излижете.

Спиење со шминка

Ова е најлошата навика и непријател на лицето. Иако, сте уморни и ви се спие, задолжително извадете ја шминката. Пудрата ги затвора порите, а вашата кожа наместо да дише додека спиете таа се гуши во нечистотијата што се налепила додека сте биле надвор. Сигурно не сакате нова акна кога ќе се разбудите. Тоа е нов проблем, затоа подобро спречете го отколку да го лечите.

Измачување на косата

Никогаш немојте да спиете со врзана коса, да ја чешлате додека е мокра и силно да го влечете чешелот низ неа. Косата бара посебно внимание кое вклучува: нежно чешлање, масирање на коренот и слобода додека спиете. Фен употребувајте кога е неопходно, а и тогаш држете го на растојание од 20 см.

Честа употреба на крема за раце

Ако мислевте дека тоа е добро, се лажете. Ова е само лоша навика, дозволете и на кожата да дише и нанесувајте крема за раце најмногу еднаш дневно. Исто како и балсамот, така и кремите за раце само ќе ве направат зависни од нив, а рацете ќе ви станат осетливи. Малку по малку, одвикнувајте се од нив.

Чепкање на лицето

За оваа навика повеќемина дури и не се свесни. Бактериите се насекаде околу нас, затоа пред да го чепнете лицето потсетете се на негативните последици. Сигурно ќе се сложите дека забораваме на миењето раце и го чепкаме лицето мислејќи дека ни се чисти.

 Нечист прибор за шминка

Четките и апликаторите со кои нанесувате шминка редовно мијте ги со млака вода. Тие на себе исто така имаат нечистотија која редовно треба да се емиминира.

 

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Убавина