Проблемот е како да го постигнете ефектот на совршено негувани усни? Fashionel го има решението!
Наутро
Подарете им на вашите усни нежен пилинг. Кога станувате наутро вашите усни се суви и собрани, бидејќи кога спиете тие ја немаат потребната влажност. Затоа кога ќе станете и отидете да ги измиете вашето лице и заби, со нежни движења на прстите затријте ги усните. Потоа со крпа, повторно нежно поминете неколку пати низ усните. Кога ќе завршите, нанесете балсам за усни.
Во текот на денот
Избегавајте да излегувате на сонце многу често во текот на денот, затоа што тоа може да ги исуши вашите усни, и ја одзема влагата не само од усните, туку од целото ваше тело. Ако вашата професија ви налага да поминувате повеќе време надвор отколку во канцеларија, тогаш ви советуваме тројна заштита. Користете кармин кој е богат со хидратантни состојки и заштитен фактор.
На сонце
Ако сте на плажа, многу е важно да користите баласам за усни со висок фактор. Не заборавајте постојано да ги навлажнувате усните додека се сончате.
Пред спиење
Овозможете им на вашите усни богата хидратација пред да си легнете. Правете го тоа секоја вечер и верувајте дека наутро ќе се будите со меки и сочни усни. Ако во моментот немате балсам за усни, ноќната крема за лице исто така ќе ви заврши работа.