Како да носите мини здолниште

31 декември 2013

12

Мини здолништата се од оние парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода. Но, ако се одлучите да носите такво здолниште, еве неколку совети како да го направите тоа, а да не изгледате вулгарно.

1.Соодветна должина

-За да носите мини здолниште треба да знаете која должина ви одговара. Таа зависи од должината на вашите нозе. Изразено кусите здолниште им стојат убаво само на жените кои можат да се пофалат со долги нозе.

2.Носете шорц

-Некои жени можеби непријатно се чувствуваат во мини здолниште додека седат или чекорат, затоа што сметаат дека ќе им се види долната облека. За да не дојде до тоа, облечете шорц во иста боја со здолништето.

3.Усогласете го со соодветна маица

-Со обично здолниште искомбинирајте маица со дезен и обратно. Направете контраст помеѓу маицата и здолништето.

4.Чевли

-Ако носите обично, еднобојно здолниште, одлучете се за обувки што ќе го докомплетираат изгледот. На пример, со бело здолниште убаво одат кафени или црни чевли. Доколку сакате посмела комбинација, тогаш чевлите во интензивни бои се добар избор.

5.Чорапи или хеланки со принт

-Ако сакате да носите мини здолниште, но ви е  непријатно поради изгледот на вашите нозе, можете да облечете чорапи или хеланки со принт под здолништето.

6.Соодветен накит

-Кога ќе ги усогласите маицата и здолништето, последниот чекор е избор на накитот. Важно е да не претерате во количеството.

Објавено:
31 декември 2013
Категорија: 
Направи сам