burgundy-boots-for-autumn-and-winter

Секоја сезона есен-зима жените се пред тежок избор. Многу чизми, безброј модели, а тие треба да ги изберат вистинските. Без оглед на тоа што секогаш се појавуваат нови модели, сепак најдобри се оние што најдобро ви прилегаат, а тоа ќе ви го каже и секој стилист. Но, ако сакате од неколку подели по еден чифт, еве неколку совети, кои чизми како се носат.

Fullscreen capture 3.04.2013 212542.bmp

-Ако сте витки и високи, не мора многу да размислувате - секој модел добро ќе ви прилега, независно дали ќе го носите со мини здолниште, фустан до колена, тесни фармерки или хеланки. Доколку не сте свесни колку вашите долги нозе се убави, тогаш „скратете“ и со модел до половина лист.

Со тоа, јасно е дека е истиот не е за пониски жени, за кои пак се идеални чизми до колена, но оние што се тесни.

Во чизмите над колена, визуелно ќе ги издолжите нозете, но не го носете овој модел доколку имате мошне изразени колкови. Исто така, немојте да носите чизми преку колена со висока потпетица преку ден, затоа што од тоа нема потреба.

Кратките чизми, кои сега се мошне популарни, особено ако се без потпетица и имат нитни, одлични се за фармерки, хеланки и тесни фустани и здолништа. Удобни се, а ефектни, така што се одлично решение за ситуацциите кога од работа треба да продолжите на забава.

oo-mg-lolita-boots

Ако облечете чизми кои се виткаат преку колената ќе изгледате како мачорот во чизми. Тие подобро се комбинираат со тесни панталони или шорцеви од штоф, плиш или сомот.

Чизми какви што носеше Петар Пан можете да ги носите со тесни фустани или здолништа во било која должина. Тие подобро им соодветствуваат на оние што имаат тенки нозе, а никако не се за дамите што имаат изразени листови.

Објавено:
16 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци