Чизмите над колена се едни од најсексапилните обувки, секако ако знаете како да ги носите и како да ги комбинирате.
Беа вистински хит минатата зима, а ќе бидат меѓу носечките тенденции и оваа сезона.
Еден од најпопуларните модели на чизми над колена според фотографиите што се објавуваат на Инстаграм се оние на модната куќа Баленсијага и чинат околу 1500 евра.
Дизајнерски модел кој веќе е распродаден на Net-a-Porter е оној на Сен Лоран, што кошта неверојатни 8000 евра, а далеку поприземни се разбира се цените на моделите од „high street" брендовите.
А меѓу нив ќе најдете такви изработени од кадифе, со цветни везови, во металик нијанси, со висока и ниска потпетица, тесни или широки и набрани.
Во галеријата одвоивме неколку впечатливи модели од последните колекции за сезоната есен-зима 2017.