Чизми над колена - еве со што да ги комбинирате

19 декември 2013

Чизмите над колена се мошне популарни, а за нивната популаризација многу придонесоа и познатите ѕвезди. Сепак, кога е комбинирањето на овие обувки со облека во прашање, не секогаш е добро да се угледаме на познатите.

Нивните комбинации се некогаш само сценски и екстремни, а тоа можеби не ви прилега најдобро. Од дуга страна, иако овие чизми можеби изгледаат како неудобни, ако се квалитетни и изработени од вистинските материјали за време на зимата ќе ве стоплат, а ќе бидете и модерни.

Кога купувате вакви чизми, барајте ги оние од помеки материјали, за може без тешкотии да се „свиткаат“ во пределот на колената. Исто така, материјалот би требало да биде нежен, затоа што можеби ќе посакате да ги носите и на гола кожа. Секогаш пробајте неколку различни облици и должини, за да ги најдете оние што најмногу ви одговараат.

Ако мислите дека чизмите над колена не се за вас, неколку дена по ред пробувајте различни модели во продавниците, без намера да купите, можеби ќе се привикнете на нив и ќе сфатите дека совршено ви одговараат.

Ваков модел чизми се смета за мошне провокативен и сексапилен, но ако не сакате да оставите таков впечак, постојат различни начини на кои можете да ги носите, а со тоа да изгледате префинето, софистицирано, па дури и конзервативно.

-Можете да ги носите со тесни фармерки

-Со долг плетен џемпер и хеланки

-Темен шорц од твид

-Со здолниште под колена

Погледнете неколку наши идеи:

over-the-knee-boots-under

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци