Чизмите над колена ќе бидат тренд оваа зима

6 септември 2013

Можеби сеуште ги носите сандалите или балетанките, но тоа нема долго да трае. Летото полека не напушта, а доколку планирате да се обновите со некое модно парче, тоа нека бидат чизмитe над колена, кои одлично се комбинираат со фустани, здолништа или пак тесни фармерки.

Во однос на боите, најдобро би било да одберете чизма во неутрална нијанса бидејќи ќе може да ги носите неколку сезони по ред, а и нема да ве ограничуваат во однос на аутфитот.

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци
Тагови: 
тренд чизми