Според последното истражување кое било направено во Англија, потребни се речиси три часа (2 часа и 47 минути) за да почувствуваме болка која ни сигнализира дека е време да се вратиме дома. Бидејќи е сезона на предновогодишни и божиќни забави, ние ќе ви предложиме неколку совети како подолго да издржите на високи штикли
Спакувајте си пар балетанки во чантата
Доколку сте свесни дека ќе имате големи проблеми поради висината на потпетицата, ние ви препорачуваме да носите со вас балетанки кои би ги облекле кога ќе ви биде неопходно комфорт за да продолжите да се забавувате. Според истражувањето, 67% од жените се сложиле дека ова е идеално решение.
Ставете влошки во чевлите
Доколку често сте се запрашувале како Викторија Бекам издржува на високи потпетици, одговорот е едноставен – влошки во чевлите.
Низ домот „прошетајте“ ги новите чевли
Најдобар начин да се навикнете на новите чевли е да ги тестирате додека сте дома, за вашите нозе да се навикнат на нив.
Дебела потпетица
Колку е подебела потпетицата, толку чевлата ќе биде постабилна и покомфорна за носење.
Во краен случај, доколку не можете да издржите на високи потпетици, соблечете ги и продолжете да се забавувате боси бидејќи и така во раните утрински часови никој нема да ви замери за таквата одлука.