shopping-for-shoes

Чевлите се важен дел од сечиј изглед. Но, не само од моден аспект. Изборот на чевли е важен и од здравствен аспект. Неудобните чевли можат да предизвикаат многу проблеми, и тоа не само болка во нозете, туку и до оштетување на нервите во стапалото.

Токму за да не дојде до такви проблеми, во продолжение ви презентираме неколку совети за тоа како правилно да одберете удобни чевли, а истовремено и да ви се допаѓаат.

Одберете најдобро време за шопинг

Иако многумина можеби мислат дека идеалното време за купување чевли е утрото, стручњаците го кажуваат спротивното. Во утринските часови нозете се одморени и тогаш можеме да облечеме и поцврсти и потесни чевли. Токму од тие причини е најдобро да се купуваат чевли во попладневните часови, кога нозете се уморни, па дури и малку отечени. Ако и во таква состојба чевлите ви се удобни, тогаш тоа е вистинскиот избор.

Купете ја вистинската големина

Измерете ја големината на вашата нога, од време на време (особено ако сте или сте биле бремена). Секогаш можете да го пробате поголемиот број од оној за кој сметате дека ќе ви соодветствува, па така веднаш ќе видите кој е вистинскиот за вас. Ако стапалата ви стојат рамно во чевлата, односно не „шетаат“, значи дека големината е добра.

Обврнете внимание и на широчината, не само на должината

Кога се работи за должината, одберете ги вистинските обувки така што секогаш ќе има малку простор помеѓу палецот и предниот дел од чевлите. Никогаш не купувајте ништо претесно.

Одберете ги вистинските потпетици за вас

Голем број жени „бегаат“ од високите потпетици затоа што не можат долго да стојат, или да чекорат во нив. И тоа е во ред, но всушност се работи за тоа да знаете да ги одберете вистинските. Потпетицата мора да биде во рамна линија под коската на петата. Ако потпетицата е поставена на задниот дел, нема да ви биде удобно и тешко ќе се привикнете да чекорите со неа.

zappos-online-shoe-shopping

Прво носење

Кај првото, подолго носење на новите чевли бидете внимателни. Секогаш е добро првин да ги „разгазите“ со неколку носења, но на покуси релации, за да може ногата да се прилагоди. Најлесно е тоа да го направите дома. Носете ги 15 минути, потоа 30 минути, па 60 минути, со паузи измеѓу.

Влошки за чевли

Ако веќе имате чевли кои не ви се премногу удобни, обидете се да ги прилагодите. Купете влошки со дополнителни перничиња, за да и помогнете на ногата што подобро да се приспособи на чевлата и обратно. Дури и ако носите чевли со високи потпетици, избегнувајте да ги носите секојдневно истите. Топлата купка е традиционално решение за уморни нозе, но не и најделотворното. Да ги ставите нозете во студена вода е многу подобро решение да ги елиминирате болките.

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци