Панталоните со широки ногавици се вистински хит неколку сезони наназад. Многумина од вас што сакате да ги носите веројатно се запрашале какви чевли е најдобро да одберат за комбинација.
Модните инсајдери велат дека проблем воопшто не постои, бидејќи со нив можете да ги носите сите типови на чевли.
Ако сакате поелегантна варијанта, тогаш одличен избор се салонките на висока потпетица. Доколку се одлучите за панталони „килоти“ со широка ногавица, тогаш и различни варијанти на салонки можат да дојдат предвид. Исто така, чизми на висока потпетица, или пак влечки, не се нешто што треба да го заборавите при ваквите модели.
Понекогаш можеби сте посакале да носите и рамни обувки, но ви било страв дека ќе изгледате покрупно, или дека едноставно, тоа не е се носи така. Но, не е точно.
Дали изгледате како да имате некој килограм повеќе (без разлика дали го имате или не) е пред сè во кројот. Ако го изберете вистинскиот – тогаш немате проблем. На пример, ниските луѓе би требало да ги одбегнуваат килотите со должина под колена или до средина на листот, бидејќи не само што ќе изгледа покрупно, туку и визуелно ќе ве скрати за неколку сантиметри.
Со долги панталони со широки ногавици можете да носите и рамни обувки – балетанки, сандали, папучи, сè додека тоа добро ви стои. Сепак, внимавајте да не се премногу долги, бидејќи тоа ниту естетски изгледа добро, ниту пак има потреба да ја соберете сета прашина по вас.
Затоа, следниот пат кога ќе посакате да носите ваков модел, не се ограничувајте. Осмислете ја комплетната комбинација, внимавајте на пригодата во која ќе ги носите и така ќе го решите проблемот многу бргу.
Всушност, најголемиот „проблем“ е да се одлучите каков модел на панталони со широки ногавици сакате, останатото е полесно.
Сепак, за оние што сè уште не се сосема сигурни, во продолжение даваме и неколку предлози и тоа токму од улична мода.