Какви фустани да носите според градбата на тело?

3 мај 2018

Фустаните се идеално парче за бројни пригоди, а и за секое годишно време, бидејќи со многу малку труд сте дотерани.

Но, сепак, изборот на вистинскиот знае да биде понекогаш проблем. За да го одберете фустанот што најдобро ќе ви прилега, треба пред сè да си ја познавате градбата на телото, а потоа и кој крој најдобро ќе ви стои.

Доколку не сте сигурни во посочените работи, прочитајте го текстот во продолжение, ќе ви ја олесни потрагата по совршениот фустан:

 

Јаболко

Ако имате пошироки раменици, не толку дефинирана половина, а тенки нозе, тогаш спаѓате во оваа група. За вас идеални се фустаните со мало деколте. Исто така и V-изразот може да биде добар избор, но не да е предлабок. Фустаните на преклоп се уште еден избор кон кој може да посегнете, како и оние со висок струк, бидејќи ќе ја изедначат фигурата. Доколку имате и стомаче што сакате да го сокриете, фустан со набори што почнуваат под градите се добар избор за тоа.

 

 Круша

Најголем број жени се токму со ваква градба на тело – горе потесни, во делот на колковите широки. Затоа, вие треба да барате фустани што ќе го нагласат и зголемат горниот дел, а задникот и колковите визуелно ќе ги намалат. Горниот дел нека биде со оркугол отвор на пример, а здолништето пошироко.

 

Песочен часовник

Ако сте во групата што има тело во форма на песочен часовник, односно сте со изразени облини во делот на градите и колковите, вие сте навистина среќни, бидејќи речиси и да не постои нешто што нема да ви прилега. Фустаните што ја следат линијата на колковите секогаш ќе изгледаат совршено на вас. Со оглед на тоа дека половината е најтенка, можете да ја нагласите дополнително со ремен и така ќе ги истакнете сите ваши атрибути.

 

Ситна градба


Сите вие што имате ситна градба, значи сте пониски и слабички, можете да посегнете за тесни фустанчиња над колена, бидејќи визуелно ќе ве издолжи.  Заборавете на наборите и сè што е премногу волуменозно. Принтовите се нешто пак, што добро може да ви прилега, како и едноставните креации. 

Објавено:
3 мај 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.789 пати
Извор: 
miss7.24sata.hr