Кој модел на цевка фармерки му одговара на вашето тело

8 јануари 2014

Цевка фармерките се последниве неколку сезони најпопуларниот крој на фармерки кој може да се најде во сите продавници. Ако мислевте дека овој тесен, еластичен модел можат да го носат само слабите девојки, се лажете, бидејќи тајната се крие во бојата, материјалот, но и парчињата со кои ги комбинирате.

Еве кој модел на цевка фармерки му прилегаат на вашиот облик на тело.

1.Крупна градба

cevka polna

Одберете фармерки кои се со нешто повисока и покомотна половина. Бојата треба да е потемна, а препорачливи се и моделите кои имаат „избледен“ дел на натколениците и потемен околу листовите. Овој модел комбинирајте го со топ и долга туника.

2.Спортска градба

cevka sportska

Жените кои немаат нагласени облини можат да си играат со нијансите, боите но и принтовите кои се тренди оваа сезона. Фармерките со принт усогласете ги со топ и кожена јакна, како и чевли до глужд.

3.Облик на тело круша

cevka krusa

Овој облик го карактеризираат нагласени кукови. Одберете еднобојни цевка фармерки во темносина нијанса и комбинирајте си го блуза или кошула. Исто така, салонки во боја на кожа дополниетлно ќе ја издолжат ногата и ќе ја направат елегантна.

4.Песочен часовник

cevka pesocen casovnik

Жените со облини би требало да одберат удобен модел кој има повеќе еластин и кој не е претесен во пределот на половината. Избегнувајте премногу светли нијанси и играјте си со „избледените“ делови во пределот на натколеницата. Цевка моделот комбинирајте го со топ, сако во жива боја и елегантни чизми или салонки.

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам