Лошиот избор на чевли го расипува впечатокот на секоја добра комбинација!

1 август 2014

Сите ние понекогаш сме направиле ваква грешка - совршена комбинација со тотално погрешни чевли!

Ниту холивудските девојки не се имуни на ваквите грешки, а како пример во овој момент би ја посочиле стилската Тејлор Свифт која иако прави непогрешливи комбинации кога станува збор за облека, таа многу често знае да направи лош избор со чевлите.

Како пример би ги издвоиле нејзините омилени степ чевли до глуждовите во кафена боја што таа многу често обожува да ги носи.

Друг пример е прекрасната Алекса Чанг и нејзиниот неверојатен цветен фустан за кој не можеме да престанеме да зборуваме, а кој таа го носеше на њујоршкиот Поло Класик, со кој комбинираше едноставни ниски црни балетанки, што апсолутно не и прилегаа.

Како замена... Како замена...

Иако многупати таа беше прогласувана за кралица на стилот, војвотката Кејт Мидлтон понекогаш знае да направи лош избор со чевлите.

Токму таква грешка направи кога го комбинираше елегантниот син фустан до колена од совршен материјал, со спортските и гломазни темно сини чевли со полна пета во светло кафена боја. Бидејќи очигледно не може без ваквите чевли, би сакале истите да беа црни и малку поелегантни.

Како замена... Како замена...

Девојката која што неодамна направи тајна свадба, отсекогаш знаела да направи супер комбинација. Но, во неколку наврати и Шерил Кол знаеше да направи лош избор на чевли како што тоа беше случај кога следнава тренди комбинација, таа ја „зачини“ со бели кожени чевли до глуждовите, што беа тотална грешка!

Како замена... Како замена...

Во продолжение во галеријата, погледнете уште неколку лоши избори на чевли на познатите дами и инспирирајте се за тоа како не треба.

Запомнете, на елегантниот фустан му требаат елегантни чевли на висока потпетица, без експерименти, кои пак секогаш се тука за вашите дневни и лежерни комбинации.

Објавено:
1 август 2014
Категорија: 
Направи сам