Модна навигација за жени: Што не треба да носите ако имате над 30 години?

14 март 2014

Не дека ако сте ја поминале возраста над 30 години, значи дека сте престареле, но сепак одредени  парчиња облека и аксесоари не треба да си дозволите да ги купите или носите, зашто вие веќе сте зрела личност која околината треба да ја сфати сериозно, а облеката нели  секогаш праќа порака за нас и нашиот карактер. Одлично е да се чувствувате младешки, но задржете ја таа енергија за вашата психа, а не и со визуелна пренагласеност, гласат модните инструкции на професионалците во модниот свет. Младешките комбинации се одлични и по 30-та, но сепак оние вистински избраните. Во продолжение погледнете какви парчиња не треба да си дозволите.

UGG чими

Веќе неколку сезони ги носат сите, а најмногу тинејџерките. Ваквите чизми се направени за да се ужива во нивната топлина и практичност, но облечени во нив праќате несериозни сигнали. Ако сте заљубени во ваквите чизми, а имате над 30 години, време е да се збогувате.

Краток топ

Неговата форма говори доволно. Голиот стомак им прилега на помладите. Евентуално ваквиот топ можете да го носите само додека спортувате.

Премногу кратки панталони

Тренди е да се носат кратки панталони, но некои одредени кроеви потсетуваат на долна облека, а откриваат и многу повеќе од границите на пристојното. Оттука зарем е потребно да се каже нешто повеќе.

Обетка на целото уво

Ваквата обетка е храбар избор, кога веќе сте по 30-та година. Вие треба да бидете селективни, а  не веднаш да им се прилепувате на трендовите.

Смешни очила за сонце

Вашиот омилен модел на очила за сонце треба пред се да биде  квалитетн, а потоа модел кој е безвременски. Копиите и смешните рамки не се вистинскиот избор.

Шапка и ракавици со апликации на животни

Зимските аксесоари како шапката и ракавиците ги има во модели со ликови од животни, а оваа зима се појавија и такви со  мачкини уши. Нивниот изглед говори на кому му прилегаат, а кому не. Во случајот Ен Хатвеј погрешила.

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Направи сам