Модни грешки кои додаваат килограми и години

7 ноември 2013

1440374354527905a602b7b573116121_orig

Комплетите сочинети од јакни и панталони или здолништа и маици откриваат несигурност и моден невкус, додека гломазните потпетици создаваат впечаток дека делувате несмасно.

Некои парчиња облека можат да направат да изгледате десет години постаро, но исто толку и килограми подебели. За да ги избегнете овие визуелни замки, морате да внимвате на неколку работи.

Преголемо здолниште што ја следи линијата на телото

Тесниот крој на здолниште до колена може да изгледа многу деловно, но истовремено и секси. Но, таквото здолниште мора совршено да ви стои, затоа што во спротивно оддава сосема спротивен впечаток. Ако купите преголемо здолниште, не го носете, туку посетете го најблискиот кројач и прилагодете го на своето тело. Исто така, здолништето не би смеело да преоѓа преку колениците.

Чевли и чанта во иста боја

Правило кое слепо се следеше во раните години на 21.век, веќе не важи. Истата ситуација е и со руж со усни, кои веќе не се ускладуваат со лакот за нокти. Овие модни трикови некогаш беа закон, но денес можат да направат само да изгледате повозрасно отколку што сте.

more_fashion

Комплетчиња

Кажете не на се што се состои од два дела. Комплетите од јакна и панталони или здолниште и маица откриваат несигурнност и моден невкус. Поиграјте си и искомбинирајте маица со принт и еднобоен џемпер или сако и некоја друга малдешко-деловна комбинација.

Чевли со дебели потпетици

Дебелите и гломазни потпетици, особено оние ниските можат да изгледаат несмасно. Ако носите вакви чевли поради удобноста, време е за промени, затоа што постојат модели на чевли со потпетици кои истовременно се и удобни и елегантни. Мала тесна пета, платформи или сандари се мошне модерни а можат да изгледаат одлично.

Преголеми машки кошули

Широки, машки кроеви на кошули под кои го сокривате вашето тело, изгледаат многу неуредно и неприкладно. Ако навистина сакате да ги прикриете недостатоците, попрво одберете женска, благо струкирана кошула и сако со подолг крој, кој ќе ги покрие критичните делови и ќе го нагласи тоа што треба.

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам